📣🏠 ПОКАНА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ ВО ДОБРОТВОРНОСТ – ДА ИЗГРАДИМЕ ЗАЕДНО ДОМ ПОЛН СО НАДАЖДИ
Во еден мал агол од селото Ново Селe, семејство од пет члена се соочува со најголемите животни предизвици — без безбедно засолниште, без кров над главата што ќе ги заштити од студот, дождовите и секојдневната несигурност. Но каде што има големи срца, секогаш има надеж.
Нашето здружение со гордост ја презеде иницијативата да биде дел од овој голем хуманитарен чин. Благодарение на дарежливоста на неколку луѓе со големи срца, собравме 12.000 € за изградба на овој дом.
Оваа сума претставува важен чекор кон остварувањето на сонот за безбедно засолниште, но сè уште не е доволна за целосно завршување на изградбата. Нè треба вашата поддршка за да ги собереме преостанатите средства што ќе го доведат проектот до крај.
Ги повикуваме сите луѓе со добри намери да се приклучат на оваа благородна кауза. Секоја помош, колку и да е мала, има големо значење и не приближува до денот кога ова семејство ќе влезе во својот нов дом — дом изграден со љубов и солидарност.
Со почит,
Бамирësит Струганë
Gofundme: https://gofund.me/a317f545
За донаторите во земјата:
Име на банка: НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Банкарска сметка бр.: 210-075048960117
За донатори надвор од државата:
Име на здружение: HZBS Struga
Адреса: KARAORMAN br.21 STRUGA STRUGA
IBAN: MK07210722000117340
Име на банка: NLB BANKA AD SKOPJE
Адреса на банка: Mother Teresa 1
Земја: North Macedonia
SWIFT: TUTNMK22
Канцеларија:
Зад Поштата
6330 Струга, Северна Македонија
Шкелзен Ајрулаи 071 963 492
Хуманитарната организација Bamiresit Strugane е основана со цел да им помага на лицата во нужда во нашата заедница. Со поддршката на нашите верни донатори, во учебната 2024–2025 година успеавме да обезбедиме и распоредиме 30 стипендии за ученици и студенти кои имаа потреба од финансиска помош.
Оваа година имаме за цел да го зголемиме бројот на стипендии на 50, продолжувајќи го нашиот неуморен труд и тесна соработка со сите кои не поддржуваат. Цврсто веруваме дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на нашата земја, и поради тоа сме посветени да бидеме покрај учениците и студентите кои се соочуваат со тешкотии.
Почитувани посетители, пријатели и донатори,
Со приближувањето на новата учебна година, илјадници деца со возбуда се подготвуваат да се вратат во училишните клупи. За многумина од нив, подготовките за училиште се моменти исполнети со радост, избор и надеж.
За жал, оваа радост недостасува кај многу деца кои немаат можност да обезбедат ниту основни училишни потребштини.
Нашето здружение Bamiresit Strugane, како и секоја година, започна хуманитарна акција за да им помогне на децата од семејства во социјален ризик да ја започнат учебната година со достоинство и со сè што им е потребно.
1. Материјални донации
Донирајте нови училишни материјали како:
2. Финансиски донации
Препорачана донација: 1500 – 2000 денари
За донатори од Северна Македонија:
За донатори од странство:
📍 Нашата канцеларија се наоѓа: Позади поштата, 6330 Струга, Северна Македонија
Ги повикуваме сите што имаат можност да се вклучат и да бидат дел од оваа кампања.
Секоја помош, без разлика колку е мала, има големо значење во животот на едно дете.
Со почит и благодарност,
Хуманитарното здружение Bamiresit Strugane
Денес, во Хуманитарното здружение Bamirësit Strugane започнува поделбата на пакетите со храна за семејствата во потреба. Бидејќи бројот на случаи кои побараа помош е многу голем, одлучивме оваа акција да продолжи и во наредните денови, во овој студен ноемвриски месец. Се надеваме дека на почетокот на оваа зима ќе донесеме малку топлина и надеж за семејствата кои се соочуваат со тешкотии. Ви благодариме што сте со нас во оваа хуманитарна иницијатива.
Замислете да сте самохрана, разведена мајка која секојдневно се бори за своите две сакани деца. М.Ш. од Струга ја живее оваа тешка реалност: нејзиниот постар син се бори со церебрална парализа, поради што таа морала да ја напушти работата за постојано да биде покрај него. Помладиот син, петгодишно дете полно со соништа, има потреба од храна, облека и љубов.
Тие се соочуваат со целосен недостиг од:
Секоја помош е добредојдена!
Хуманитарното здружение “Bamirësit Struganë” не ги остава сами – градиме домови, обезбедуваме лекови и даваме поддршка на училиштата. Со вашата помош сакаме да бидеме поблиску и да им помогнеме на најтешките случаи.