„Застануваме Заедно во 2025: Медицинска Помош и Вратена Надеж“
- пред 1 месец
Годината 2025 беше исполнета со предизвици, но пред сè со надеж, солидарност и обединети срца. Благодарение на вашата поддршка, успеавме да бидеме покрај оние кои имаа најголема потреба – во најтешките моменти од нивниот живот. Во текот на оваа година, нашато здружение поддржа 5 крупни медицински случаи, претежно за операции и третмани во странство:🔹 М.М. (4 години) – Операција на очи и медицински контроли со трошок од околу 12.000 € 🔹 Е.Ј. (40 години) – 3 операции на очи и медицински контроли со трошок од околу 11.185 €. Третманот продолжува. 🔹 М.З. (53 години) – Хемотерапија и континуирани контроли со трошок од околу 14.000 €. Третманот продолжува. 🔹 У.З. (45 години) – Операција на ‘рбет и контроли со трошок од околу 14.000 €. Третманот продолжува. 🔹 М.А. (26 години) – Итно случај, каде во рок од само 3 дена беа собрани 80.000 €, а третманот продолжува во Австрија.Вкупно 131.185 €, и овие цифри се повеќе од само бројки. Тие претставуваат помогнати животи, олеснета болка и вратена надеж. Искрено им благодариме на сите донатори, секое семејство, секој поединец кој веруваше и придонесе. Ќе продолжиме да бидеме покрај овие случаи до самиот крај. Без запирање. Без замор. Без да ги оставиме сами…
