Итно
Во селото Новосел,, завршуваат работите за иградбата на новата куќа што ја преземавме да ја изградиме, која ќе биде сигурно и топло засолниште за семејство. Овој проект донесе многу надеж и позитивна енергија во заедницата, и сега сме блиску до крајот.
За да ја комплетираме куќата, ни се потребни уште некои важни елементи: плочки, ламиниран паркет, влезна врата, кујна со сите елементи, разни мебел, бањарски елементи и спални соби за децата. Секој од овие елементи ќе помогне куќата да стане место каде семејството ќе се чувствува ценето и поддржано.
Го повикуваме сите добри луѓе и организации што сакаат да нè поддржат да ни се приклучат во оваа хуманитарна мисија. Секоја помош, било материјална или финансиска, е искрено добредојдена и ќе направи голема разлика за ова семејство.
Заедно можеме да донесеме топлина во нивниот дом и да споделиме надеж за подобра иднина.
Ви благодариме за вашата поддршка!
Итно
Хуманитарното здружение Bamirësit Strugane е при крај со уште една хуманитарна акција.
Сме во завршна фаза од реновирањето на куќата на шестчленото семејство во селото Јабланица, каде што четири од членовите се деца под 10-годишна возраст.
Благодарение на поддршката од донаторите и посветеноста на волонтерите, сме многу блиску до успешното завршување на овој проект и обезбедување на потопол и побезбеден дом за семејството.
Ги покануваме сите кои сакаат да помогнат во финалниот дел од овој проект да контактираат со нас или да станат дел од нашите идни иницијативи.