За Нас

Зајакнување на Заедниците во Струга преку Сочувство

За нас

Историја на Хуманитарното Здружение „Бамирсит Струга“

Хуманитарното здружение „Бамирсит Струга“ е основано во 2020 година од група локални активисти кои речиси целиот свој живот го посветиле на помагање на луѓе во потреба. Се обединивме со една цел – нашата хуманитарна дејност да ја продолжиме на поорганизиран, одржлив и структуриран начин, за да бидеме што поблиску до секој што има потреба.
Сè што правиме од првиот ден го правиме со чисто срце, со целосна посветеност и без никаква лична корист. Имаме изградено засолништа за семејства во тешки услови, сме дистрибуирале храна, сме плаќале сметки за вода и струја за најранливите, но она со што најмногу се гордееме се стипендиите за ученици и студенти. Инвестирањето во младите и нивното образование е нашата најголема гордост.
Нашата канцеларија е секогаш отворена за сите кои имаат потреба, и секојдневно расте бројот на случаи што ги поддржуваме. Не помагаме само на оние што бараат помош, туку и на оние што од срам или гордост не можат да побараат – но имаат голема потреба. Ние самите ги бараме, ги наоѓаме и ги поддржуваме.
Вашите донации се леб за децата, и кога ни го доверувате, тој леб за нас е свет. Често се соочуваме со непријатни ситуации – кога помошта ја бараат луѓе кои навистина не ја заслужуваат, и тогаш мораме да кажеме НЕ – наша должност е вашата доверба да ја однесеме таму каде што навистина треба.
Нашиот народ има огромна потреба од поддршка, и токму тоа е нашата мисија: да бидеме покрај секој во тешки времиња. Помагаме во случаи на семејно насилство, на жени кои се напуштени и едвај преживуваат – за нив плаќаме и кирија. Се обидуваме да ги едуцираме луѓето дека нивните проблеми може да се решат и институционално.
Освен финансиска поддршка, граѓаните ги поддржуваме и со морална и институционална помош. Нашиот телефон ѕвони секој ден со повици од институции и канцеларии – затоа што ние сме првиот контакт кога некој нема каде да се обрати.
Не било лесно. Но љубовта кон родниот крај и довербата што ни ја даваат граѓаните ни дава сила да продолжиме. Благодарноста од оние на кои им сме помогнале со лекови, болнички третмани или сме ги извлекле од темнина – не нè остава да застанеме. Напротив, тоа ни дава сила да продолжиме.
Оваа мисија ќе живее сè додека вие нè храните со доверба и почит.
Она што ја одликува нашата организација е транспарентноста. Ние сме отворена организација со канцеларија, вработен персонал, директор и управен одбор. Одлуките ги носиме внимателно и врз основа на реални потреби – единствениот критериум за помош е потребата, ништо друго.

Нашата мисија

Да бидеме светлина и надеж за оние што се борат во темнината.
 Да подадеме рака без да очекуваме ништо за возврат, туку само со чиста љубов и посветеност.
 Да ги поддржиме незаштитените и да изградиме општество во кое никој нема да се чувствува сам.

Нашата визија

Да бидеме заштитничка рака на оние на кои им е најпотребна – и на нашето свето родно место.

Биди дел од нашата мисија

Ако сакаш да придонесеш како:
  • Донатор
  • Волонтер

Контактирај нè.
 Твојата помош е надеж за некого.
 Ти благодариме за довербата!




Bamirësit Struganë

Поддржани Семејства

Над 100 семејства помогнати со основни потреби и ресурси.

Платени Сметки

Стотици сметки за електрична енергија покриени за семејства во тешкотии.

Влијание врз Заедницата

Градење на посилни заедници преку настани и волонтерски напори.

Придружете се на Нашата Кауза

Станете член или контактирајте нè за да направите промена во Струга денес!



Контакт